Џеј Џеј Редик потпиша нов договор со Лејкерси

Лос Анџелес Лејкерс, објавија дека го продолжиле договорот со главниот тренер Џеј Џеј Редик.
Сè уште нема официјални детали за новиот договор со 41-годишниот тренер.
Редик им се придружи на Лејкерси во 2024 година, тогаш потпиша четиригодишен договор вреден 32 милиони долари.
Во својата прва година, тој ги предводеше Лејкерси до третото место во Западната конференција.
Сепак, тимот беше елиминиран во првото коло од плејофот од Минесота и покрај тоа што Лука Дончиќ беше доведен во средината на сезоната, а Леброн Џејмс беше во одлична форма.