Џилардино претставен како нов тренер на Парма

Легендарниот италијански напаѓач, Алберто Џилардињо се врати во Парма, овојпат како тренер, тој доаѓа на местото на Карлос Куеста кој поднесе оставка.
Џилардињо како голгетер се прослави токму во дресот на Парма, од каде подоцна се искачи меѓу најдобрите стрелци во Серија А и во репрезентацијата на Италија.
До смената на клупата дојде откако Куеста одлучи да поднесе оставка по несогласувањата со клупското раководство. Парма по воведните пет кола во Серија А се наоѓа на 15. позиција со освоени четири бода, па главната задача на прославениот италијански голгетер ќе биде стабилизација на екипата и борба за опстанок.
Џилардињо потпиша договор до крајот на актуелната сезона 2026/27, со опција за продолжување на уште две години.
Дебито на клупата на „млекарите“ ќе го им