Џинобили влегува во куќата на славните

Ману Џинобили е првото име на листата за прием во кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд за 2022 година.
Славниот аргентински кошаркар, имаше богата клупска и репрезентативна кариера. Играјќи во Европа најголемиот свој успех го оствари со клубот Виртус кога во 2001 година ја освои Евролигата и беше најкорисен играч на турнирот.
Во НБА лигата пристигна во 2002 година каде 16 години настапуваше за тимот на Сан Антонио Спарс. Со екипата од Тексас освои четити шампионски титули, а во 2008 е прогласен за најдобар шести играч.
Со репрезентацијата на Аргентина е освојувач на олимписко злато во 2004 година.