Џирона го договори трансферот на Миовски

Според пишувањето на шпанскиот „Мундо Депортиво“, Миовски е
пред трансфер во Џиорна. Елитниот шпански медиум пишува
дека деветката на Македонија наскоро треба да стане нов член
на каталонскиот клуб Џирона, кој во новата сезона ќе се
натпреварува во Лигата на шампионите.
По заминувањето на Артем Довбик, токму Миовски ќе биде
фудбалерот кој што ќе ја заземе позицијата центарфор во
Џирона, ексклузивно открива „Мундо Депортиво“.
Македонскиот играч беше на списокот на желби кај Еспањол и
Џенова, сепак се реши за трансфер во клубот кој што лани беше
вистински хит во Шпанија и обезбеди пласман во Лигата на
шампионите.
Наводно, сите инволвирани страни постигнале начелен договор и
Миовски не се двоумел да се приклучи на новиот проект на
Џирона, предводен од тренерот Мичел.