Џоел Ембид е МВП на сезоната во НБА лигата

Џоел Ембид од Филаделфија и официјално е прогласен за најкорисен играч во НБА лигата (МВП), пред центарот на Денвер, Никола Јокиќ и Јанис Антетокунбо од Милвоки.
Ембид беше прв во изборот со 73 гласови, Јокиќ добил 15, а гркот од Милвоки – 12.
Ембид беше двапати најдобар стрелец во лигата, со просек од 33,1 поени. Тој оваа сезона одигра 66 натпревари и во моментов се бори со повреда на коленото во плеј-офот серијата.
Ембид е првиот кошаркар на Филаделфија кој ја освоил наградата за МВП по Алан Ајверсон во 2001 година и само вториот Африканец кој е прогласен за најкорисен играч, по Хаким Олајџувон, кој ја освои наградата во 1994 година додека играше за Хјустон.