Џонатан Дејвид: Барселона е мојот омилен клуб
Многу клубови се заинтересирани во своите редови да го донесат младиот и перспективен напаѓач на Лил и канадската репрезентација, Џонатан Дејвид.
23 годишниот офанзивец игра одлично во Лил, посебно оваа сезона во која веќе стигна до бројката од 22 голови во 30 натпревари за францускиот клуб.
Тоа натера неколку премиерлигаши сериозно да се распрашаат за фудбалерот, кој сепак, според последната изјава ќе чека понуда од друг клуб за да ја продолжи кариерата. Дејвид истакна дека Барселона отсекогаш му била омилен клуб, веројатно навестувајќи дека не би одбил понуда од каталонскиот гигант.
„Барселона отсекогаш бил мојот омилен клуб, ги сакам уште од дете“, изјави Дејвид во интервју за „Винамакс“.