Џонатан Тах бесплатно се сели во Барселона

Барселона направен голем чекор напред за осигурување на потписот на Џонатан Тах, одличниот дефанзивец на Баер Леверкузен кој летово ќе стане слободен играч по истекот на договорот со „фармацевтите“.

Тах веќе објави дека нема да потпише нов договор бидеји сака да замине во некој поголем клуб, но долго се веруваше дека германскиот репрезентативец сигурно ќе се пресели во Баерн Минхен, клуб што инсистираше на негов потпис и минатото лето.

Ситуацијата се промени откако Барселона се вклучи во трката по Тах, уште повеќе откако тренерот Ханси Флик лично разговараше со овој одличен дефанзивец да му се приклучи во каталонската престолнина.

Деко денеска имаше нова средба со агентот на фудбалерот, на која биле договорени речиси сите детали околу соработката. Желба на каталонците е да има целосен договор до крајот на овој месец, за веќе во првата седмица од јануари да биде потпишан преддоговорот, со што Барса и официјално ќе победи во оваа трка и во јули 2025 бесплатно ќе го добие ова големо засилување.