Џонов: Против Гвинеја мора да сме спремни на сите опции
Македонскиот ракометен репрезентативец Иван Џонов говореше за африканскиот противник кој е енигма за нас и против кого играме првпат.
„За натпреварот со Гвинеја мора да бидеме максимално подготвени, затоа што се посебен вид на репрезентација, немаме играно со таква селекција. Играат поинаков ракомет, треба да не ги потцениме и да бидеме максимално борбени како во претходните две средби за да дојдеме до посакуваната победа. Гвинејците може да бидат непредвидливи во некои потези и ситуации на теренот. Мора да внимаваме и да бидеме сконцентрирани. Атмосферата во која играме не мотивира, се надевам дека сите ќе продолжат да не поддржуваат во истиот стил“, изјави Џонов.