Џон Дуран се сели во Ал-Наср кај Кристијано Роналдо

Саудискиот клуб Ал-Наср успеа да го „украде“ колумбискиот напаѓач на Астон Вила, Џон Дуран пред носот на европските гиганти.

Дуран во моментов е еден од најбараните напаѓачи во светот и за него се интересираа многу европски гиганти.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓

Колумбуецот сепак се согласи да се пресели кај својот идол Кристиано Роналдо и ќе потпише 5,5 годишен договор со Ал Наср.

Астон Вила ја прифати понудата и вкупно со бонуси ќе инкасира 90 милиони евра за неговата слобода.