Џон Тери како изненадување за клупата на Њукасл

Како изненадување се појави веста дека легендата на лондонски Челзи е најново име на листата за можни тренери на Њукасл Јунајтед.

Поранешниот англиски репрезентативец до неодамна беше помошник тренер на Дин Смит во Астон Вила, а сега планира да ја започне својата кариера како прв тренер на Њукасл.

 Џон Тери ја има доби Про лиценцата од УЕФА, со што ги исполнува потребните услови за да почне да работи во клубови од Премиер лигата.