Џошуа Кимих прва опција во следниот преоден рок за Гвардиола

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џошуа Кимих, пренесуваат англиските медиуми.

Кимих има договор со Баерн до 2025 година, а следното лето ќе влезе во последната година и нема најави за негово продолжување.

Поради тоа Баерн Минхен е спремен да го продаде на крајот на сезоната и веќе ја одредил цената. „Билд“ пренесува дека за неговата слобода Баварците бараат 75 милиони евра. Гвардиола одлично го познава Германецот и верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот тим.

Поради тоа го посочил Кимих како примарна трансфер цел во летниот преоден рок.