Џошуа типува на победана Усик против Фјури

Фановите на боксот со нетрпение го очекуваат соочувањето во рингот на Тајсон Фјури и Александер Усик, а нивниот ривал Ентони Џошуа решил да го прогнозира победникот во овој блокбастер дуел.

Еден од двајцата боксери ќе ги обедини појасите во тешка категорија и ќе стане апсолутен шампион по борбата закажана за 18 мај, а Џошуа смета дека победник ќе биде Усик.

„Боксував против Усик и добро знам што искусив во тој дуел. Тој е феноменален борец и мислам дека ќе заврши одлична работа. Не сум имал дуел со Фјури и немам искуство од тоа соочување, но од она што го знам, велам дека верувам во победа на Усик“, рекол британскиот боксер.