Џо Кол: Почетино ја има најтешката работа во светот

Маурицио Почетино ја привршува својата прва сезона на кормилото на Челзи, клуб во кој беше доведен да донесе големи резултати, победнички менталитет, меѓутоа ситуацијата е сосема спротивна, екипата е далеку од самиот врв во Премиер лигата, а не е освоен ниту еден трофеј.

Има доста критики, прашалници кога е во прашање аргентинскиот стратег, но има и такви кои сметаат дека тој заслужува максимална доверба, поддршка да остане и го води тимот и во наредната кампања.

„Дали е беспрекорен? Челзи не е таму каде што сака да биде. Тоа е факт, знаете, не е таму каде што треба да биде. Со парите што тие ги потрошија и играчите што влегуваа и излегуваа на врата, мислам дека Маурисио прави фантастична работа. Мислам дека тој ја има најтешката работа во светскиот фудбал, затоа што мислам дека е јасно дека нема целосна контрола кога се во прашања засилувањата и играчите кои си заминуваат. Тоа е сигурно.

Очекувањата се огромни и со право, затоа што се навикнаа на тоа во последните 20 години, Челзи беше добар како и секој клуб во Европа, веројатно исклучувајќи го Реал Мадрид, во смисла на освојување трофеи кои се натпреваруваат во оваа лига. Затоа, тие треба само да се држат со него и да одат напред. Менувањето на менаџерите, ви ветувам, не е вистинскиот пат“, порача Џо Кол за „ТНТ Спортс“.