Џо Харт најави заминување во пензија

Англискиот голмански ветеран Џо Харт кој е и поранешен репрезентативец на Англија на крајот од сезоната ќе замине во фудбалска пензија. Информацијата ја потврди Селтик преку својот официјален веб сајт.

Шкотскиотгигант му се заблогадари на 36 чувар на мрежата, но изјава даде и тренерот Брендан Роџерс.

„Харт имаше феноменална кариера и знам дека ќе ни недостасува кога ќе се повлече. Заслужува огромни пофалби за се што направи во фудбалот. Беше навистина голема предност на Селтик“, изјави Роџерс.

Најдобрите денови од кариерата Харт ги помина како голман на Манчестер Сити и со овој клуб успеа да освои две титули во Премиер лигата, една во ФА Купот и два во Лига Купот. Со Селтик двапати беше шампион на Шкотска и освои три купа.

Покрај Селтик и Манчестер Сити го чуваше уште голот на Барнли, Тотенхем, Торино и Вест Хем. Репрезентативец на Англија беше од 2008 до 2017 година и собра вкупно 75 натпревари.