10 години успех со Здравко Ристески

Евротип, дел од КС Групација, со голема радост го прославува јубилејот на својот колега Здравко Ристески – наш верен соработник и пријател веќе цели 10 години!

Здравко, како техничар за електроника и електротехника, секојдневно се грижи сè да функционира беспрекорно. Неговата стручност, посветеност и ведар дух се неизоставен дел од нашата работа – и токму затоа денес гордо му оддаваме признание.

На прашањето „Каде се гледа после 10 години?“ – Здравко со насмевка вели: „Во КС Групација, секако!“
Евротип и КС Групација му честитаат за јубилејната награда и му посакуваат уште многу успешни години, полни со предизвици, радости и заеднички победи!