15-годишен Еквадорец потпиша за Челзи
Челзи направи вистински „бум“ на јануарскиот трансфер пазар и потроши повеќе од 300 милиони евра. Откако дојдоа новите сопственици, лондонските „сини“ се рекордери по трансфери во Европа, но не престануваат да трошат.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е блиску до реализација на трансферот на 15-годишниот еквадорски талент, Кендри Паез.
Еквадорскиот „бисер“ беше на мета на многу европски гиганти како Барселона, Манчестер Сити, Ливерпул и Баерн Минхен, но Челзи успеа да ја победи конкуренцијата.
Имено, Челзи сега ќе го купи Паез и ќе го остави во матичниот клуб во следните три години, додека не наполни 18 години.