45 илјади гледачи на Вембли во нокаут фазата

Британската влада ќе дозволи одигрување на натпреварите од нокаут фазата на Европското првенство пред поголем број гледачи, односно дозволено ќе биде 50 проценти од Вембли да биде пополнет, пишува англиски Телеграф.

Владата на Велика Британија даде гаранции на УЕФА дека натпреварите од групата во Лондон, ќе се играат пред 25 проценти, односно пред 22.500 навивачи.

Британците на 21. јуни ги попуштаат речиси сите мерки, но постои опција таа одлука да помести за некој ден. Нокаут фазата на Вембли почнува на 26. јуни, но Телеграф тврди, повикувајќи се на свои извори од Владата, дека евентуално одложување на попуштање на мерките нема да влијае на ЕУРО 2020. Во превод, ако попуштањето се одложи, на Вембли во секој случај секако ќе има 45.000 гледачи, што е одлична вест за фудбалскиот свет.