95 од 100 најдобри светски тенисери се вакцинирани
Вакцинирани против коронавирус се вкупно 95 од 100 најдобро рангирани светски тенисери, изјави првиот човек на АТП Тур, Сајмон Хигсон.
Извршниот директор на АТП Тур наведе на Твитер дека само пет играчи од Топ 100 најдобри не примиле вакцина против Ковид-19, без да го наведе нивниот идентитет.
„Нашите најнови бројки за првите 100 (тенисери) се 95 отсто“, напиша Хигсон на својот Твитер профил.
Прашањето околу вакцинирањето во светскиот тенис стана тема број еден со наближувањето на Грен-слем турнирот Австралија Опен на кој тенисерите за настап мораат да бидат вакцинирани.