Александар Грашески потпиша за Динамо Загреб

Еден од најголемите македонски фудбалски таленти и репрезентативец до 19 години, Александар Грашески и официјално го потпиша својот прв стипендиски договор со Динамо Загреб.
Грашески веќе една година е дел од Динамо, а сега го потпишува и својот прв дил со тимот од „Максимир“. Инаку тој е капитен на младинските селекции во неговата генерација, а во Динамо Загреб замина од екипата на Њу Старс, откако претходно беше дел од младинската школа на Вардар.