Хамес Родригез ќе игра за клуб од Полска

Кариерата на Хамес Родригез би можела да добие сосема неочекуван правец. Колумбискиот ас во моментов е без клуб и активно ја разгледува следната дестинација, а како опција се појавува и полскиот фудбал, што би било вистинска сензација.
Според полските медиуми, Родригез преку своите агенти бил понуден на неколку екипи од тамошниот шампионат, а најсериозен интерес досега покажала Краковија. Наводно, веќе имало почетни разговори и не е исклучено во наредниот период тие да добијат поконкретна форма.
Искусниот офанзивец неодамна го раскина договорот со Леон и сега бара клуб каде што ќе може редовно да настапува и да ја врати потребната форма. Примарната цел на Родригез е повторно да се избори за место во националниот тим на Колумбија пред Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико, а времето за тоа станува сѐ пократко.
Дополнителен мотив може да биде и неизвесната трка во полската лига, каде што сезоната се одвива во целосно непредвидлив ритам. Табелата е исклучително израмнета, а фактот што дното моментално го држи Легија Варшава.