Ентони Дејвис трејдуван од Далас во Вашингтон

Во НБА лигата во последните моменти од преоднио рок се случи и една голема размена во која е вклучен Ентони Дејвис.

Дресот на Вашингтон во иднина ќе го носи четирикратниот НБА шампион Ентони Дејвис, заедно со Џејден Харди, Д’Анџело Расел и Данте Егзум.

Од другата страна, Далас добива сериозен пакет во оваа зделка. Во Тексас пристигнуваат Крис Мидлтон, А.Џеј. Џонсон, Малаки Бранхам и Марвин Багли, како и два избора од првата рунда и дури три избора од втората рунда на драфтот.