Македонската Дејвис Куп репрезентација пред елиминација од Кипар

Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија е во негатива од 0-2 по првиот ден од двата сингл меча во Втората светска група од Дејвис Купот против Кипар. Домаќинот во првите два меча оствари сигурни победи што му донесе предност и водство.
Според програмата за денес прво е предвиден мечот во двојки и за Македонија треба да настапат Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ, додека за ривалот на теренот треба да се појават Мелиос Ефстатиу и Елефтериос Неос.
По завршувањето на мечот во двојки, следуваат другите два сингл меча.
Селекторите на двете репрезентации имаат право на промена на играч пред одигрувањето на мечевите.