Лина Ѓорческа со нов прогрес на ВТА листата

Иако изминатата седмица немаше настап сепак, најдоброто македонска тенисерка Лина Ѓорческа прогрес на новата ВТА ранг-листа.

Ѓорческа денешниот ден го дочека на 181 место што е прогрес за една позиција. Тетовката полека се доближува до својот најдобар ранкинг во кариерата, а тоа беше 17-тото место во 2017 година.

Што се однесува до листата ТОП 10, на првите три позиции нема промени. И натаму водечка Арина Сабаленка пред Ига Швјонтек и Елена Рибакина. Американката, Аманда Анисимова паднаа за две позиции, сега е шеста, а пред неа се нејзините со сонароднички Коко Гоф и Џесика Пегула.

За првпат во ТОП-10 влезе младата Канаѓанка, Викторија Мбоко, а оттаму испадна Русинката Екатерина Александрова.