Еурофарм Пелистер 2 ја совлада Струга, но нема да игра во плеј-офот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го совладаа тимот на Струга со огромни 39-23 (17-11) во последното коло од регуларниот дел во Суперлигата. Сепак, нема да играат во плеј-офот, бидејќи Тиквеш загуби на гостувањето кај Бутел Скопје.
Домашниот тим уште во првото полувреме покажа дека е исклучително расположен за игра и создаде предност од шест гола (17-11), а во второто полувреме стави во уште посилна брзина и комплетно го дотолчи ривалот од Струга. Доминантен беше пивотменот Марковски, а одличен прв дел запиша и бекот Митревски и голманот Јовановски.
Имаа битолчани огромни +13 во 54. минута од мечот, а на крајот славеа со конечни 39-23. Најдобар поединец во победничкиот тим беше Петар Марковски со дури тринаесет голови, а во таборот на стружани се истакна Наум Костов со девет погодоци.
Доколку успее да се пласира во плеј-офот, Еурофарм Пелистер ќе биде последниот, шест патник во разигрувањето за шампионската титула. Во спротивно екипата на Александар Зарков ќе биде најдобропласиран тим од плеј-аут лигата.
Распоредот за плеј-аутот ќе биде познат следната недела.