Барди асистент во победата на Коњаспор против Галатасарај

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра важна улога во големата победа на Коњаспор против Галатасарај од 2-0 во денешниот натпрервар од турската Суперлига.
Барди не беше во стартниот состав, но влезе во игра во 72. минута и до крајот запиша асистенција по која Кемер постигна гол и го постави конечниот резултат.