Ако Тотенхем испадне од лигата, фудбалерите ќе добијат рез на платите

Фудбалерите на Тотенхем би можеле да се соочат со значително намалување на платите доколку тимот испадне од англиската Премиер лига на крајот од сезоната, објави инсајдерот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, кој ова го објави на социјалните медиуми.
Според изворот, повеќето договори на играчите на лондонскиот клуб вклучуваат клаузула со која би можеле да им се намалат платите за приближно 50% ако тимот заврши во Чемпионшип.
Тотенхем моментално е на 16-то место на табелата во англиската Премиер лига со 29 бода. Вест Хем Јунајтед, кој е на 18-то место, има 25 бода.