Македонија ќе бидe домаќини на Светското првенство во ракомет за младинци

Наредната година Македонија ќе биде домаќин на еден голем ракометен настан каде ќе се соберат најголемите таленти од светот. Имено, Скопје и Македонија ќе бидат организатори на Светското машко младинско ракометно првенство во 2027 година, шампионат кој се одржи од 23 јуни до 4 јули.
-На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена.
-Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани.
-Воедно, изразуваме благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста Македонија повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување, -порачаа од РФМ.