Ван Дајк: Сами сме виновни за поразот од Вулверхемптон

Англискиот шампион Ливерпул, синоќа доживеа нов пораз со гол во судиското продолжение на натпреварите. На гостувањето кај Вулверхемптон, последнопласираниот тим на табелата, „црвените“ беа поразени со 2-1 со гол кој домашните го постигнаа во последните моменти од натпреварот. Тоа беше петтиот пораз на Ливерпул во лигата оваа сезона, откако примија гол во судиското продолжение.
Тие веќе испишаа анти-рекорд како тим коj има најмногу порази на таков начин од кој било тим во една сезона во целата историја на Премиер лигата. Листата на фатални моменти е долга; пораз од Кристал Палас во 97-та минута, од Челзи во 95-та, Борнмут во 95-та, Манчестер Сити во 93-та и последниот, од Вулверхемптон, во 94-та минута.
Капитенот и дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од Вулверхемптон (1:2) во 29-то коло од англиската Премиер лига.
„Мислам дека сè беше до нас. Бевме бавни, предвидливи и невнимателни со топката, донесувајќи лоши одлуки. Очигледно, не му дозволивме на противникот да создава шанси, но ако играте така, тоа е последицата. Тоа е факт и е разочарувачки. Имавме поголем дел од топката, но мислам дека сепак донесовме некои лоши одлуки и не можевме да ги најдеме завршните допири. На крајот на краиштата, едноставно сме разочарани што загубивме“, изјави Ван Дајк.
По овој натпревар, Ливерпул е на петтото место на табелата во англиската Премиер лига со 48 бода.