Алегри е резервна опција ако Клоп одбие за Реал

Капитенот и дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од Вулверхемптон (1-2) во 29-то коло од англиската Премиер лига.

„Мислам дека сè беше до нас. Бевме бавни, предвидливи и невнимателни со топката, донесувајќи лоши одлуки. Очигледно, не му дозволивме на противникот да создава шанси, но ако играте така, тоа е последицата. Тоа е факт и е разочарувачки. Имавме поголем дел од топката, но мислам дека сепак донесовме некои лоши одлуки и не можевме да ги најдеме завршните допири. На крајот на краиштата, едноставно сме разочарани што загубивме“, изјави Ван Дајк.

По овој натпревар, Ливерпул е на петтото место на табелата во англиската Премиер лига со 48 бода.

Реал Мадрид е заинтересиран да го назначи Масимилијано Алегри од Милан за главен тренер доколку Алваро Арбелоа биде отпуштен во текот на летото.

Според „Кориере дело спорт“ раководството на Реал направило два обида да го потпишат италијанскиот менаџер – во 2019 и 2021 година.

Самиот Алегри е задоволен од својата работа во Милан, кој го презеде по втор пат во јули 2025 година, иако тој би сакал да го подобри составот за меѓународни предизвици.

Реал Мадрид, исто така, го разгледува Јирген Клоп за главен тренер.

Претходно беше објавено дека Арбелоа ја губи поддршката од играчите на Реал Мадрид по лошата серија резултати. Неодамнешните порази во Ла Лига и елиминацијата од Купот на кралот сериозно ја поткопаа довербата на играчите во идеите на тренерот.