Чаби Алонсо бира меѓу Ливерпул и Сити

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Ливерпул и Бајерн е спремен за нова работа и преговара со два англиски клуба.
Станува збор за два гиганти, а наводно останува само да избере на кој ќе му каже “да” и чија понуда ќе ја прифати Чаби Алонсо.
Тренерската кариера ја започна Алонсо во 2017 година во У14 тимот на Реал Мадрид, а потоа го водеше вториот тим на Реал Сосиедад. Со овој тим успеа да обезбеди пласман од трета во втора лига, а потоа продолжи во Бундеслигата, каде го презеде Бајер Леверкузен. Со германскиот тим ја прекина доминацијата на Бајерн, освојувајќи го првенството, Купот и Суперкупот.
Следеше премин во Реал Мадрид, но таму работите не се одвиваа како што се очекуваше и доби отказ во јануари оваа година. Според информациите од Англија, Чаби Алонсо има нова работа, односно останува само да ја прифати една од двете понуди што ги има.
Наводно Чаби Алонсо веќе некое време преговара со два премиерлигашки гиганти, а станува збор за Ливерпул и Манчестер Сити. Се зборува дека Пеп Гвардиола ќе ја напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната, а го гледаат Алонсо како идеален наследник во клубот. Од друга страна, во Ливерпул се подготвени да му дадат отказ на Арне Слот на крајот на сезоната, дури и ако ги одведе “Црвените” до Лигата на шампионите.
Едно нешто што го побара Чаби Алонсо во преговорите со двата клуба е исто, а тоа е дека сака да го доведе својот комплетен тренерски тим и за тоа не сака да расправа.