Анри: Нема кој да ја сопре оваа Барса

Поранешниот француски репрезентативец Тиери Анри, кој ја освои Лигата на шампионите во 2009 година со Барселона, по големата победа на Каталонците над Њукасл во осминафиналето од ЛШ, изјави дека Барселона го покажа своето вистинско лице на реваншот.
„Честитки за Барселона, Европа почнува да ја чувствува опасноста. Кога еден тим е така возбуден, не остава ништо зад себе. Она што се случи не е триумф, туку светски земјотрес, во ноќ што ќе влезе во историјата. Какво второ полувреме беше ова? Се случи целосна трансформација. Барса играше со поинаков карактер. Ова е вистинската Барселона. Кога сакаат, прават сè. Тие се неверојатен тим. Како повторно да го имавме „Тимот од соништата“ на Јохан Кројф. Њукасл се распадна пред таков офанзивен тек. Да се запре Барселона ако се вакви е речиси невозможно“, потенцирал Анри.