Хенигман го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер продолжува со градење на тимот за следната сезона. Клубот од Битола официјално го продолжи договорот со Ник Хенигман. Словенечкиот лев бек ќе остане во Битола и во сезоната 2026/27, со опција соработката да биде продолжена и за уште една година, односно до 2028 година.
Во таборот на „пелистерци“ Хенигман се гледа како важен дел од ростерот, играч кој носи квалитет, но и лидерство, иако е дел од тимот само една сезона.
Хенигман пристигна во Битола минатото лето и веднаш остави силен печат. Со Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија, настапуваше континуирано во домашната Суперлига и во Лигата на шампионите, а паралелно е стандарден член и на словенечката репрезентација.
Пред трансферот во Македонија, словенечкиот репрезентативец настапуваше за екипите на Рибница, ПИК Сегед, како и за француските клубови Сант Рафаел и Шартр.