Аргентинецот Боно заминува од Вардар и се сели во Франција

Mакедонскиот ракометен суперлигаш Вардар 1961 веќе работи на формирање на ростерот за следната сезона, а покрај засилувањата ќе има и заминувања.
Нова средина ќе има и аргентинскиот среден Николас Боно. 28-годишниот ракометар се враќа во Франција каде ќе го облече дресот на Тулуз.
Аргентинецот со Вардар се договори уште минатата сезона, на барање на тогашниот тренер на „црвено-црните“ Гиљермо Милано, но со доаѓањето на Иван Чупиќ не добива поголема минутажа и неговото заминување беше за очекување.