Евролигата не го менува ставот, руските клубови не се враќаат ни догодина

Генералниот директор на Евролигата Чус Буено најави сериозни промени во системот на натпреварување.
Можно е зголемување на бројот на екипите, но сè ќе биде познато кон средината на месец април.
Тој се осврна и на политичките случувања, кои имаат директно влијание врз ова натпреварување.
„Не го менуваме ставот за екипите од Русија. Истото важи и за Израел и Дубаи, но ја следиме ситуацијата секојдневно“.
Првиот човек на Евролигата истакна дека очекува наскоро големите екипи Реал Мадрид и Фенербахче да ги потпишат договорите за продолжување на соработката со Евролигата.