Извлечени двојките од полуфиналето на женскиот Куп на Македонија

Денес беа формирани двојките за полуфиналните мечеви во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција.

Екипата на Ѓорче Петров ќе ги одмери силите со Пелистер додека Чаир ќе излезе на мегдан со екипата на Спартак. Тоа значи дека скопските екипи кои се главните кандидати за пехарот, се разминаа во елиминацискиот дел.

Мечевите од полуфиналето ќе бидат реализирани на 18 април во салата „Парк“ во Струмица додека финалето ќе биде ден потоа на истата локација.