Македонија падна на ранкинг листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација се спушти за едно место на денешната ранг листа на ФИФА.
По поразот од Данска во баражот за Мундијалот и ремито со Република Ирска во пријателски меч, сега сме на 67-та позиција во светското рангирање. Голем скок од шест позиции направи селекцијата на БИХ која сензационално ја елиминираше Италија и си обезбеди место на претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.
До ротација дојде и на челната позиција откако Франција го запоседна врвот пред Шпанија и Аргентина. Во Топ 10 влегуваат и Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Мароко, Белгија и Германија.