Евролигата драконски го казни Хапоел

Кошаркарската Евролига одреди висока казна за израелскиот претставник Хапоел Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми.

Казната за клубот е парична и изнесува пет милиони евра.

Првата казна е за изречена пред две недели за прекршувањето на правилото за финансискиот фер плеј.

Втората казна е поради надминувањето на лимитот за платите на играчите, најверојатно како резултат на бројот на играчи во тимот.

Хапоел се наоѓа на трето место според платите со процена од 19,5 до 20 милиони евра.