Стојанче Стоилов е нов тренер на Бутел од следната сезона

Ракометниот суперлигаш Бутел денес на прес-конференција ја најави соработката со новиот тренер. На клупата на РК Бутел од наредната сезона ќе седне поранешниот репрезентативец и легенда на Вардар, Столе Стоилов.
Ова ќе биде прв клуб кој ќе го води Стоилов, откако претходно беше помошник во Вардар, а воедно е и во стручниот штаб на нашата репрезентација.
Стоилов најави дека целта му е да работи со млади ракометари и да биде конкурентен за плеј оф. Неговата проценка е дека Бутел има добра програма и стратегија и затоа прифатил да седне на кормилото на оваа екипа.
„Баравме идеално и квалитетно решение за клупата на Бител Скопје. Имавме краток состанок со Стоилов и веднаш се договоривме. Станува збор за легенда не само во македонскиот ракомет туку и пошироко. Со него ќе добиеме квалитет и искуство на клупата, а во ростерот ќе имаме млади македонски играли“ рече претседателот на РК Бутел, Бојан Спасовски.
Договорот за соработа меѓу РК Бутел и Столе Стоилов е на период од две години, а ќе започне од јуни.