Гатузо поднесе оставка, Италија ќе добие нов селектор

Џенаро Гатузо ја напушта својата работа како селектор на италијанската репрезентација.
Одлуката е донесена, а формалните чекори ќе следат. Гатузо нема да продолжи по неуспехот да се квалификува на Светското првенство, односно по поразот од Босна и Херцеговина во плејофот.
Наскоро се очекува официјално соопштение, како што објави „Скај Спорт Италија“.
За време на својата тренерска кариера, легендарниот фудбалер ги предводеше Милан, Наполи, Валенсија и Хајдук од Сплит, меѓу другите, а беше селектор од јуни минатата година, кога го наследи Лучијано Спалети.
Претходно, Џанлуиџи Буфон и претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Габриеле Гравина поднесоа оставки.