Јоаким Лев фаворит за селекторското место во Гана

Германскиот стручњак Јоаким Лев е фаворит да го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Гана. Гана го отпушти селекторот Ото Адо 72 дена пред почетокот на овогодинешното Светско првенство.
Како што објавија медиумите во земјата на „црните ѕвезди“, по интензивните преговори во последните 24 часа, постигнат е договор со Лев.
Ова воедно го означува враќањето на светскиот шампион со Германија во 2014 година, кој не работел никаде од 2021 година, кога замина од кормилото на националниот тим.
Светското првенство, кое се одржува во Канада, Мексико и САД, се одржува од 11 јуни до 19 јули.
Гана ќе игра во групата Л против Панама на 18 јуни (01:00 часот), потоа против Англија на 23 јуни (22:00 часот) и Хрватска на 27 јуни (23:00 часот).