Бисек повреден се врати во Милано, ќе паузира еден месец

Дефанзивецот на Интер, Јан Бишек, е повреден, објави италијанскиот клуб. 25-годишниот Германец има проблем со мускулот.

Неговата состојба ќе се следи во наредните денови но, сигурно ќе го пропушти неделниот натпревар со Рома од Серија А а може да биде надвор од комбинација и за средбата со Комо.

Интер е лидер во италијанската елита со 69 бодови или шест повеќе од тимот на Милан.