Слободен влез за дуелот на ракометарките против Германија

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе ја дочека Германија во рамките на квалификациите за ЕП.
Натпреварот од претпоследното квалификациско коло ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“.
Ракометната федерација на Македонија донесе популарна одлука и реши да ги отвори вратите за сите љубители на ракометот.
Влезот за средбата против Германките ќе биде бесплатен.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија во најголемата сала во државата ќе се одигра на 8 април во терминот од 18:00 часот.