Нејмар по Мундијалот потпишува за Синсинати

Синсинати покажува интерес за ангажман на Нејмар, кој моментално настапува за Сантос. Според „ЕСПН“, клубот од МЛС веќе стапил во контакт со неговите претставници за да ја испита можноста за трансфер, како и финансиските услови. Сепак, Нејмар има договор со Сантос до крајот на 2026 година.
Конечната одлука за неговата иднина се очекува по Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Напаѓачот се надева на враќање во репрезентацијата на Бразил, но селекторот Карло Анчелоти јасно порача дека ќе смета на него само ако е целосно подготвен.
Нејмар во последниот период има проблеми со повреда на коленото и оваа година одигра само шест натпревари, а неодамна беше подложен на мала интервенција.
Во кариерата, Нејмар има 374 гола на 625 клупски натпревари и е најдобар стрелец во историјата на Бразил со 79 погодоци.