Два премиерлигаши го сакаат Муриљо од Форест

Екипите на Челзи и на Манчестер Јунајтед покажуваат дека се заинтерсирани за ангажман на фудбалерот на Нотингем Форест, Муриљо, наведуваат медиумите во Англија.
23-годишниот стопер во 2023 година го напушти бразилскиот состав Коринтијанс и се пресели во редовите на „шумарите“.
Тој има договор до 2029 година но, проценките велат дека понуда од 60 до 70 милиони фунти може да ги натера челниците на тимот да го продадат.