Артета ќе добие нов договор на „Емирати“

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, имал прелиминарни разговори со клубот за потпишување на нов договор, објави „Би-Би-Си“.
Артета е на чело на клубот од 2019 година, а својот единствен голем трофеј како менаџер го освои во својата дебитантска сезона на „Емирати“, кога „топџиите“ го освоија ФА Купот. Микел Артета моментално има само уште една година од договорот, но 44-годишниот Шпанец со својата работа ги убеди челниците на клубот дека е вистинската личност.
Според „Би-Би-Си“, двете страни почнале да дискутираат за нов договор пред некое време, а овој процес се движел во позитивна насока.
Сепак, како што се приближуваше крајот на сезоната, страните се согласија да ги прекинат преговорите и да се фокусираат на успешно завршување на сезоната.
Очигледно исходот од сезоната не е фактор за иднината на Микел – и клубот и Артета се задоволни од нивното партнерство и сакаат да го продолжат.