Почнува финалето на плеј-офот, Македонија ќе добие нов одбојкарски шампион

Финалната серија од плејофот во машкото одбојкарско првенство стартува вечерва во Штип, каде најдобрите две екипи сезонава, Штип УГД и ГОК Борец, ќе ја започнат битката за шампионската титула, која традиционално се игра во три добиени натпревари.
Лидерот на прволигашката табела Штип УГД и второпласираниот ГОК Борец низ целата сезона покажаа константност и квалитет со кои заслужено се најдоа и во финалето на Купот на ОФМ 2026, а сега одново влегуваат во „судир“ за нов трофеј – шампионскиот.
Штип УГД е освојувач на Купот на ОФМ 2026 и во финалето влегува со амбиција за обединување на круните, додека ГОК Борец по пауза од три години, повторно ќе се бори за првиот шампионски трофеј од осамостојувањето на Македонија.