Јуве нуди одлични услови за Бернардо Силва да дојде во Серија А

Бернардо Силва потврди дека ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, а многумина сметаат дека негова следна дестинација ќе биде италијанската Серија А. Во моментов Јувентус се обидува брзо да го убеди Силва да потпише со нив.

„Калчомеркато“ објави дека откако играчот од средниот ред го потврди своето заминување, Јуве стапи во акција. Тие веќе разговарале со неговиот агент Жорге Мендес, а менаџерот Лучијано Спалети побарал негов потпис од директорите на клубот. Силва е прва трансфер цел на „Старата Дама“ во овој момент и би можел да му биде понуден договор вреден од 7 до 8 милиони евра по сезона. Играчот веројатно ќе добие тригодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.