Вардар и Охрид ќе се борат за трофејот од Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар и на Охрид ќе играат в недела во големото финале во Купот на Македонија. Мечот ќе започне во 20.00 часот.

На завршниот Ф4 турнир во салата – „Парк“ во Струмица, „црвено-црните“ денеска беа убедливи против Алкалоид со 33 спрема 28 додека „рибарите“ го совладаа составот на Еурофарм Пелистер со 26 спрема 19.

Утре на истата локација ќе бидеат одиграни полуфиналните мечеви во женскиот дел. Од 17.00 Пелистер против Ѓорче Петров додека во вечерниот термин Спартак ќе игра со Чаир. Финалето кај ракометарките ќе биде в недела во 17.00 часот.