Премиерлигашите загреани за потписот на Маркос Сенеси

Ливерпул во моментов е во најдобра позиција да го доведе дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси.
Договорот на 28-годишниот Аргентинец со Борнмут истекува по оваа сезона, и можноста да стане слободен играч го прави привлечен за многу врвни клубови. Челси и Манчестер Јунајтед исто така го следат, додека извори од Италија тврдат дека Јувентус и Рома веќе воделе разговори со неговите агенти. Но, самиот играч посакува да остане во Премиер лигата.
Според англиските медиуми, агентите на Сенеѕи веќе го информирале Борнмут дека дефанзивецот нема намера да го продолжи договорот. Тие интензивно работат на наоѓање нов клуб, а најверојатната дестинација се смета дека е Ливерпул.
Што се однесува до ситуацијата на „Енфилд“, иднината на Ибраима Конате и Џо Гомез е несигурна, а Вирџил ван Дајк ќе наполни 35 години во јули. Холанѓанецот оваа сезона одигра 49 натпревари поради недостаток на алтернативи, но изгледа малку веројатно дека ќе издржи уште една толку напорна сезона.