Јужната трибина на стадионот во Скопје ќе се вика Васил Рингов

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и официјално поднесе иницијатива за Јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“, да го носи името на легендата Васил Рингов кој почина пред крајот на 2025 година. Во документ доставен до Владата, Премиерот Христијан Мицкоски, Министерот за спорт Борко Ристовски, МОК и Даниел Димевски, како и надлежните за стадионот, се бара да се оддаде почит на легендата.

Васил Рингов важи за еден од најдобрите играчи во историјата на македонскиот фудбал.

Летото 1977 година доаѓа во Вардар, каде станува еден од најдобрите играчи на сите времиња и најдобар стрелец на тимот со 97 голови. По завршувањето на карие